Пјаниќ со порака до противниците: Најлесно е да се обвинат судиите за поразот

Во италијанската Серија А и сезонава не престануваат скандалите околу судиските одлуки, а како кулминација беше пеналот кој беше досуден за Јувентус во 94 минута на дуелот против Џенова. Судијата на дуелот во Торино не сакаше да гледа повторена снимка, туку само се консултираше со колегите кои беа во ВАР собата и потврдија дека има пенал по фаулот над Роналдо.

Многумина сметаат дека Јувентус повторно има помош од судиите, но на таквите изјави се спротистави играчот за врска на Старата дама, Миралем Пјаниќ.

„Никогаш не се губи поради судиите. Тоа е само алиби. Кога го напуштате теренот по пораз, секогаш сте многу лути и тогаш кажувате зборови кои не ги ни мислите.Најлесно е да се обивини некој друг за поразот. Судиите постојано ќе прават грешки, како што правиме и ние на теренот. ВАР помага на сите, а јас веќе не можам да ги слушам коментарите за тие ситуации“, рече Пјаниќ.

Јувентус со победата над Џенова остана лидер во Серија А so 26 бодови, еден повеќе од Интер кој е второпласиран. Старата дама утре ќе игра во градското дерби против Торино на гости.

 

- Оглас -

Најнови вести