Пјаниќ веднаш ја почувствува разликата меѓу Меси и Роналдо

Миралем Пјаниќ од Јувентус направи трансфер во Барселона и синоќа ги одигра првите минути во официјален меч за каталонскиот гигант. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина влезе од клупата за резерви во 78-мата минута, но доволно беше да покаже дека за брзо време за него ќе се најде место меѓу стартерите.

Барселона уште во првото полувреме даде четири гола против Вилјареал и вториот дел беше само формалност, но Пјаниќ почувствува како е „Камп ноу“ да му е фудбалскиот дом. За времето поминато на терен, имаше една ситуација која посебно беше интересна, а се случи во судиското надополнување.

Беше досуден фаул за Барселона, а Пјаниќ и Меси заедно застанаа до топката за да изведат. Ситуацијата повеќе беше за изведување деснак, па Меси без проблем му отстапи на дебитантот да шутира. Пјаниќ веднаш доби шанса да го изведе слободниот удар, нешто што немаше шанса да го прави во Јувентус, каде што „газда“ е Кристијано Роналдо. Кога во Јувентус ќе има слободен удар, се знае дека Роналдо мора да шутира, додека Пјаниќ во Барселона само за 10-тина минути поминати на теренот доби шанса да шутира од прекин.

Меси и порано бил познат по тоа дека воопшто нема проблем да отстапи на соиграч да шутира и пенал, додека Роналдо не дозволува некој друг да ги изведува ударите од белата точка.

- Оглас -

Најнови вести