Планираниот прв пик на НБА-драфтот не сака да оди во Пеликанс, би останал во Дјук

Американските медиуми шпекулираат дека огромниот талент Зион Вилијамс, кој речиси сигурно треба да биде прв пик на драфтот на 20 јуни, можеби нема да замине во НБА, туку ќе остане уште една сезона во Универзитетот Дјук. Причината е бизарна, тој не сака да игра за Њу Орлеанс пеликанс, клубот кој прв ќе избира на драфтот. Зион веруваше дека ќе игра во Њујорк никс, но на лотаријата победија „пеликаните“, кои планираат да го земат Зион како замена за Ентони Дејвис.

Никс летово може да се засили со големи ѕвезди како Кевин Дурант и Кајри Ирвинг, па Вилијамсон веруваше дека њујоршкиот тим ќе биде избран прв да бира на драфтот. Но, среќата му беше наклонета на Њу Орлеанс и Зион беше толку многу разочаран, што размислува да остане во НЦАА-лигата само за да не игра за Пеликанс.

Ако биде прв пик, Вилијамсон во НБА би заработил 8,1 милиони долари, додека на колеџ би добил голема казна ако добие макар и еден долар. Затоа треба добро да размисли дали ќе се повлече од драфтот. Играчите кои се пријавени, може да се повлечат до 10 јуни. Тоа е датумот до кој ќе се знае дали екстра талентот Зион ќе заигра во НБА или ќе влезе во финансиски и секаков друг ризик со чекањето уште една сезона.

- Оглас -

Најнови вести