Планот на Јунајтед да го задржи Роналдо: Го краде Дибала од Интер?

Манчестер јунајтед наскоро треба да го официјализира ангажманот на Кристијан Ериксен како слободен играч, а напоредно го насочи вниманието кон уште една ѕвезда која може да ја добие бесплатно.

Имено, Црвените ѓаволи будно ја следат ситуацијата на Пауло Дибала и неговата преселба во Интер, која се најавува со недели. Бидејќи Аргентинецот уште нема ставено потпис на никаков договор, гигантот од Англија се надева дека ќе може да го украде од рацете на Нераѕурите.

Така Тен Хаг би добил уште едно квалитетно засилување, а воедно клубот се надева дека со доведувањето на екссоиграчот на Кристијано Роналдо од Јувентус ќе може да го убеди Португалецот да остане на „Олд Трафорд“.

Една од причините што Роналдо сака да си замине е токму неактивноста на Јунајтед да ангажира фудбалери од светска класа.

- Оглас -

Најнови вести