Платен е 130 милиони евра, неговиот тим победи со 7:0, а нему му се плаче од мака

Атлетико Мадрид синоќа стигна до една од најубедливите победи во шпанското првенството откако со 7:0 славеше на теренот на Рајо Ваљекано. Јорганџиите предводени од тренерот Диего Симеоне беа пресреќни поради убедливата победа, но имаше еден фудбалер „кому му се сруши светот“.

Фудбалерот кој беше платен рекордни 130 милиони евра, Жоао Феликс немоќно седеше на клупата за резервни фудбалери и гледаше како неговите соиграчи го газат противникот на теренот.

Феликс моментално го поминува најтешкиот период во кариерата и многу веројатно е дека во следните неколку дена ќе си замине од Атлетико Мадрид затоа што очигледно е дека неговата иднина во овој клуб нема да биде сјајна. Дури и кога Атлетико водеше со 7:0, Феликс не доби шанса да влезе во игра, остана „закован“ на клупата за резерви.

Додека останатите фудбалери на Атлетико беа среќни и насмеани, Феликс буквално ќе заплачеше од мака.

Барселона е тимот кој се интересира да го доведе Феликс во своите редови, а тоа би било како позајмен играч, со обврска на крајот од сезоната, каталонскиот гигант да го откупи договорот на Португалецот од Атлетико Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести