Платил приватен авион само за да стигне на време и да игра за репрезентацијата

Андраж Шпорар е фудбалерот кој покажа како се сака својата репрезентација. Словенецот кој игра во Португалија за екипата на Брага, реши да изнајми приватен авион, само за да може навреме да пристигне за првите три меча на неговата репрезентација во квалификациите за Светското првенство.

Словенија вечерва на свој терен игра против соседот Хрватска, а Шпорар ќе биде дел од составот, откако успеа да пристигне навреме. Фудбалерот се обидуваше да дојде во родната земја преку редовни авионски линии, но поради разните протоколи за летање, тоа не беше возможно.

Најголемиот дел од трошокот за приватниот авион го покрил самиот фудбалер, а одредена мала сума била покриена со пари од фудбалската федерација на Словенија.

По денешниот меч против Хрватска, Словенија два меча ќе одигра на гости. Најпрво, на 27 март ќе игра кај Русија, а три дена подоцна ќе гостување на Кипар.

 

- Оглас -

Најнови вести