Платини: На фудбалот не му треба ВАР, туку подобри судии

Фудбалската легенда и некогашен претседател на УЕФА, Мишел Платини, повторно го критикува системот за видео репетиција, кој во последно време добива редица напади од тренери, играчи и навивачи. Платини уште од почетокот е против ВАР технологијата и смета дека за подобар и почесен фудбал, потребни се подобри судии.

„Уште од првиот ден кажав, фудбалот не може да се суди преку видео снимки. Против технологијата сум, особено против начинот на кој се употребува. Телевизискиот екран искривува одделни спорни ситуации. Фудбалот е спорт со контакт, има интервенции кои ако минат низ филтер на телевизорот и се забавуваат, водат до неприфатливи интерпретации. Фаул треба да биде оценет во реално време“ – рече трикратниот носител на Златната топка.

Платини додава и дека поради ВАР, страдаат публиката и фудбалерите.

„ВАР ја убива емоцијата после постигнувањето на гол. Вака играчот треба да чека пет минути, па да се радува после гол. За поправедна игра, немаме потреба од ВАР, туку од подобри судии” – додаде Платини.

- Оглас -

Најнови вести