Платини за смртта на Марадона: Очекував вакво нешто!

Славниот француски фудбалер Мишел Платини, кој му беше ривал на Марадона во 80-тите години, изјави дека не е изненаден од смртта на Марадона, а го искритикува и опкружувањето на „десетката“.

„Ова е голема тага и загуба за фудбалот. Но, по сите случувања во последните години, го очекував ова. Бев подготвен дека еден ден ќе слушнам дека Марадона починал. Кога тој кажуваше дека има проблем да се движи, знаев дека е во тешка состојба. Мора да бидете подготвени за вакви лоши вести, но и тогаш нешто се случува во главата и срцето. Тешко е, ве фаќа носталгија, доаѓа и меланхолија. Не го обвинувам него за грешките, мислам дека имаше лошо опкружување. Сите луѓе кои беа околу него го користеа и не му помагаа да се излечи“, изјави Платини, кој останува на мислењето дека најдобар фудбалер во историјата бил Јохан Кројф.

Платини првпат играл против Марадона во 1979 година во Буенос Аирес и како некогашна ѕвезда на Јувентус, сведок е на обожувањето на Марадона во Неапол.

„Марадона е син на државата во која фудбалот е крал, тој е како кралски син во Аргентина. Не верувам дека ќе се прогласи тридневна жалост во Франција ако починеме јас или Зидан“, смета Платини.

- Оглас -

Најнови вести