Плеа експресно ги слета Орлите од Франкфурт со гол во 37. секунда (Видео)

Алесане Плеа постигна гол во 37. секунда за Борусија Менхенгладбах на гостувањето кај Ајнтрахт во Франкфурт и тоа е еден од најбрзите погодоци сезонава во Бундеслигата.

Францускиот ас со нетрпение чекаше 66 дена за да се врати во погон германското првенство, а потоа блесна со експресен гол.

https://twitter.com/GoalMnbr/status/1261696206801113088?s=20

Борусија веќе води со 2:0 во Франкфурт, а стрелец на вториот погодок беше Маркус Турам во седмата минута. Интересно е што двајцата најдобри стрелци на екипата од Менхегладбах веднаш се запишаа во листата на стрелците.

Плеа сега има 9 гола, а Турам два помалку, а што е најважно за нив Борусија експресно поведе со 2:0 против Ајнтрахт и ако победи ќе го прескокне Лајпциг на третата позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести