31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Пливачките натпревари завршија со светски рекорд за женската штафета на САД

Женската мешана штафета на САД со нов светски рекорд дојде до златниот медал на последната пливачка дисциплина на Летните олимписки игри во Париз. Американките штафетата 4х100 метри ја испливаа за 3:49.63, што беше подобро за три секунди и 48 стотинки од сребрената Австралија. Бронзениот медал го освои Кина.

Токму машката штафета на Кина беше најдобра на 4х100 мешано, освојувајќи го златниот медал пред САД и Франција.

Пливачките натпревари на Олимпијадата во Париз завршија со четири светски рекорди.

- Оглас -

Најнови вести