ПМФЛ: Македонија ЃП го совлада лидерот Шкупи, а Пелистер заборави како се победува

Екипата на Македонија ЃП го совлада лидерот Шкупи со 2:1 и со тоа му го нанесе вториот пораз сезонава, по 13 одиграни кола во првата македонска фудбалска лига.

Тимот од Ѓпрче Петров славеше со головите на Ермедин Адем од пенал во 67. минута, како и голот на Кристијан Филиповски во втората минута од судиското продолженије.

Голот за лидерот го постигна Марко Ѓорѓиевски во 71. минута.

Со оваа победа, Македонија излезе од опасната зона и се наоѓа на осмото место со 17 бода.

Пелистер, пак, и по 13 натпревари не знае да победа во најсилната фудбалска лига кај нас. Колективот од Битола кој е „закован“ на дното сега изгуби и од Струга, а единствен стрелец на голот беше Христијан Малевски во првиот дел.

 

ПРВА ЛИГА

Македонија ЃП – Шкупи 2:1

Пелистер – Струга ТЉ 0:1

Брегалница – Скопје 2:1

Работнички – Академија Пандев 0:3

Ренова – Шкендија 0:1

Тиквеш – Борец 2:1

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести