По 1.128 дена се врати на теренот, а по мечот во соблекувалната доби пречек каков што не памети (Видео)

Бруно Соријано е фудбалер кој целата кариера ја посвети играјќи само за еден клуб, а тоа е Вилјареал. Дефанзивецот, кој беше и капитен на Жолтата подморница, во изминативе три години постојано се мачеше со повредите. Во 2017 година заработи тешка повреда на коленото и почна неговата мака.

Цели три години, односно точно 1.128 денови, Соријано беше на листата на повредени играчи сè до синоќа. На дуелот против Севилја, Соријано влезе во игра во 88-мата минута и веднаш ја доби капитенската лента. Тоа беше прв меч за одбранбениот играч во последните три години.

По завршување на дуелот, во соблекувалната на Вилјареал атмосферата беше славеничка, иако не победија (дуелот заврши 2:2). Сите фудбалери со аплауз го пречекаа својот капитен. Соријано доби и уште една година од договорот, што значи дека ќе игра и следната сезона за Вилјареал.

 

- Оглас -

Најнови вести