За Вилјареал заигра фудбалер кој три години немаше играно (Видео)

Вилјареал и Севилја одиграа интересни 2-2. За Севилја ова е трет нерешен натпревар по ред, а Вилјареал, кој имаше три победи по ред, за првпат по пет години не успеа да врзе низа од четири лигашки триумфи. Вилјареал е тим за кого 36 гола имаат дадено домашни шпански фудбалери, со што се најдобри во лигата.

Во екипата на Вилјареал се појави и 36-годишниот Бруно Соријано, кој заигра за првпат на официјален меч по пауза од три години, поточно 1.128 дена. Тој од 21 мај 2017 наваму, кога играше против Валенсија, постојано беше на листата на повредени.

Најубав од четирите гола вечерва беше последниот гол, дело на Мунир Ел Хадади, со кого Севилја израмни на 2-2:

https://www.youtube.com/watch?v=Iqn5lV9tjbI

- Оглас -

Најнови вести