По 10 години се врати дома – Кемба Вокер е нов член на Њујорк никс (Видео)

Кемба Вокер потпиша двегодишен договор со Њујорк никс и ќе биде големо засилување за еден од најголемиот клубови во НБА лигата.

Никс ќе бидат третиот клуб во најсилната лига на светото за која ќе настапува 31-годишниот бек, а трејдот од Бостон селтикс во Оклахома ова лето не му се смета, бидејќи не стаса да одигра ниту еден меч за Тандерс.

Како слободен агент одлучи да ја прифати понудата на Њујорк никс вредна 18 милиони евра за две сезони. Вокер е четирикратен Ол-стар играч и е еден од најдобрите бекови во НБА лигата, позиција што беше најслаба точка кај Никс во последните сезони.

Кемба досега има играно за Шарлот хорнетс, од 2011 до 2019 година, а потоа беше член на Бостон селтикс до ова лето, кога беше трејдуван во Оклахома, а оттаму беше ослободен од обрвските.

 

- Оглас -

Најнови вести