По 10 години си замина од Манчестер и изненади многумина со својот нов тим

Еквадорецот Антонио Валенсија играше за Насионал, кога во 2005 година реши да замине во Европа и потпиша за Вилјареал. Потоа замина во Виган, а неговиот квалитет го забележаа во Манчестер јунајтед, па во 2009 година се пресели на „Олд Трафорд“. Во 339 мечеви даде 17 погодоци, а сега по една деценија реши да ги напушти „црвените ѓаволи“.

Валенсија реши да се врати во родната земја и потпиша со тимот на ЛДУ Кито, а клубот веднаш го промовираше големото засилување.

 

 

- Оглас -

Најнови вести