По 11 години кариера и 277 меча, го даде првиот гол, а во неговиот дом сите врескаа од среќа (Видео)

Денис Декмаер е 30-годишен десен бек и капитен на германскиот второлигаш Сандхаузен кој засекогаш ќе по памти денешниот ден. Сандхаузен гостуваше кај Вехен во дуел на две екипи кои се во опасност да испаднат. Токму Декмаер беше херојот на мечот постигнувајќи го единствениот гол пред крајот на првиот дел, за три бода на домаќините.

Овој погодок на Декмаер беше посебен не затоа што беше победнички, туку затоа што беше прв за него во професионалната кариера. Некогашниот играч на Хамбургер како професионалец помина дури 11 години, во кои одигра 277 меча, а досега немаше дадено ниту еден гол.

Декмаер во кариерата има одиграно 203 средби во Бундеслигата како играч на Нирнберг и Хамбургер, потоа има 59 средби во втората лига за Сандхаузен, а има и 15 настапи во третата лига за вториот тим на Вердер Бремен. Ако се додадат и 10 средби во Купот на Германија, тогаш во вкупно 277 средби, бекот немаше погодено ниеднаш.

Тој пост на Декмаер заврши вечерва, а неговиот Сандхаузен победи. Мечот со воодушевување го следеа и во семејството на Декмаер. Кога Денис погоди, во неговиот дом се случи вистинско лудило од радост.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести