Дејвид Мојс се врати во Евертон. По 12 години откако реши да го напушти Гудисон Парк за да биде тренер на Манчестер јунајтед, искусниот Мојс сега повторно се враќа на кормилото на Карамелите, а според најавите, договорот ќе биде до јуни 2027 година.
🚨🔵 David Moyes signs in this weekend as new Everton head coach, agreement sealed.
Contract until June 2027, as @TimesSport reports.
Moyes has accepted the project after speaking to the management and the Friedkin family. pic.twitter.com/x9LwNWSIsD
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 10, 2025
Пред Мојс ќе има голем предизвик, затоа што Евертон моментално е на 16 место на табелата со само 17 бодови од 19 меча и има само еден бод повеќе од Ипсвич кој е во зоната за испаѓање.
Првиот следен меч на Евертон во Премиер лигата ќе го има против Астон вила и тоа на домашен терен на 15 јануари.