По Де Јонг, Барса купува уште еден клучен играч на Ајакс

Николас Талјафико од Ајакс би можел да биде решението за левата бековска позиција на Барселона. Каталонците подолг период се во потрага по долгорочна замена за искусниот Алба, откако Јуниор Фирпо не се покажа во добро светло.

Барса го одбра сонародникот на Меси кој брилјира во дресот на Ајакс оваа сезона, и посебно беше клучен на Копјаниците минатата сезона во Лигата на шампионите.

Наводно веќе се започнати преговори меѓу двете страни, па кога ќе се отвори преодниот рок Талјафико најверојатно ќе биде првото засилување на актуелниот шпански првак.

- Оглас -

Најнови вести