По два и пол месеци Ѓоковиќ се врати во Србија и се знае, веднаш во кафана

Новак Ѓоковиќ во саботата се врати во Србија и веднаш е во фокусот на вниманието. Најдобриот тенисер во светот синоќа беше дел од забавата која ја приреди неговиот тениски пријател Јанко Типсаревиќ, кој во петокот на 22 мај по втор пат стана татко. Интересно е што синот на Типсаревиќ се роди на ист ден кога Ноле го славеше својот 33-ти роденден.

Типсаревиќ ги собра своите најблиски пријатели меѓу кои беа и тенисерите Виктор Троицки, Ненад Зимоњиќ, Душан Лајовиќ, Филип Крајиновиќ…

Славјето за раѓањето на синот на Типсаревиќ траело до доцна во ноќта, а вистинска забава било кога Ѓоковиќ се појавил во една од белградските кафани.

Останатите посетители кога забележале дека во своја близина во кафаната е и најдобриот тенисер во светот, посакале да се фотографираат да имаат спомен, а Ѓоковиќ без никакви проблеми со сите се фотографирал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести