По две години пауза, повторно се враќа во репрезентацијата на Аргентина

Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала по пауза од две години, повторно се најде на списокот на селекторот Лионел Скалони за мечевите во квалификациите за Светското првенство. Гаучосите ќе одиграат три меча и против против Венецуела на гости на 3 септември, а потоа ќе гостуваат и на најголемиот ривал Бразил, додека овој циклус од квалификациите за Мундијалот ќе го завршат со домашниот меч против Боливија.

Дибала за националниот тим вкупно одигра 29 меча, а последен пат беше во составот на 18 ноември 2019 година, на дуелот против Уругвај, кој заврши 2:2. Потоа, поради честите повреди, но и лошата форма, Дибала беше изоставен од националниот тим, кој пред неколку месеци стигна до титулата на Копа Америка. За Аргентина ова беше прв континентателн трофеј по пауза од речиси 30 години.

- Оглас -

Најнови вести