По две години пауза, рекордерот Рамос ќе се врати во шпанската репрезентација

Серхио Рамос доживеа големо разочарување откако Луис Енрике не го повика во составот на Шпанија за Светското првенство во Катар. По неуспехот на Мундијалот, Енрике доби отказ од селекторксата функција и тоа беше знак дека легендарниот дефанзивец може повторно да се врати во националниот тим.

Според пишувањата на дел од шпанските медиуми, новиот селектор на Шпанија, Луис де ла Фуенте веќе решил дека Рамос треба да се врати во националниот состав. Повеќе од две години поминаа откако Рамос го одигра последниот меч за Шпанија, што беше 180-ти. Тој е апсолутен рекордер не само во Шпанија, туку и во Европа кога се работи за настапи за репрезентација.

Шпанија во март ќе ги започне квалификациите за Европското првенство 2024 година, а Рамос треба да е дел од составот. На 25 март Црвената фурија ќе игра против Норвешка и искусниот 36-годишен дефанзивец можно е повторно дури да биде и во стартниот состав. Дебито за шпанската репрезентација Рамос го имаше во далечната 2005 година и се има израдувано на две европски и една светска титула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести