По две години пауза, Вол ноќеска ќе истрча на паркетите во НБА

Претсезоната во НБА лигата стартува ноќеска, а со посебно внимание ќе се проследи дуелот меѓу Чикаго Булс и Хјустон рокетс (02 часот). Џон Вол, новата ѕвезда на Ракетите, ноќеска ќе дебитира за новата екипа, а воедно ќе го најави своето враќање на паркетите по две години пауза.

Поради тешки повреди на двете колена, како и Ахиловата тетива на левата нога, Вол ги пропушти претходните две сезони, а последен пат играше на 26 декември 2018 година, како член на Вашингтон визардс.

„За мене ова нема да биде само обичен претсезонски натпревар. Свесен сум дека тремата ќе ме совлада со самиот почеток на мечот, меѓутоа многу сум возбуден што конечно по толку време повторно ќе играм“, истакна Вол.

Покрај овој дуел, ноќеска се играат уште четири сребди, тоа се Атланта хокс – Орландо меџик, Детроит пистонс – Њујорк никс, ЛА лејкерс – ЛА клиперс и Портланд трејлблејзерс – Сакраменто кингс.

- Оглас -

Најнови вести