По две години Петр Чех повторно бранеше и прими голови од играчи кои не биле родени кога тој беше во врвот на кариерата (Видео)

Легендарниот Петр Чех повторно ги облече голманските ракавици и застана на голот на Челзи. Чех, кој има 38 години, бранеше за тимот на Челзи У23 против Тотенхем У23, во меч од развојната Премиер лига.

Чешкиот голман речиси пред две години објави крај на кариерата, а потоа се приклучи во тренерскиот тим на Челзи, каде што го помина и најголемиот дел од кариерата. Вечерва Чех мораше да се активира откако беше одлучено дека првиот голман на Челзи У23, Лукас Бергстром, не треба да брани двапати за помалку од 48 часа.

Враќањето на Чех не беше многу сјајно затоа што во првите 20 минути прими два гола, а тој „кумуваше“ за првиот погодок. Наместо да исфрли една топка во поле, Чех ја шутна во корнер, а Тотенхем од тој удар од аголот даде гол.

Подоцна Чех по вторпат мораше да ја вади топлата од мрежата, и тоа откако го матираше фудбалер кој има само 16 години. Точно пред 16 години, Чех потпиша за Челзи, кога и беше во врвот на својата кариера.

Иако губеше со 0:2, Челзи во второто полувреме успеа да направи целосен пресврт и на крајот да победи со 3:2 за да му се овозможи победничко принудно враќање на Чех меѓу стативите. По 10 одиграни кола во развојната Премиер лига, Челзи е прв со 19 бодови, пред Манчестер сити, кој досега освои 18 бодови.

- Оглас -

Најнови вести