По две и пол години во НБА се враќа еден од најдобрите шутери во историјата

Петкратниот учесник на Ол-стар мечевите и кошаркарот кој има три НБА прстени, Клеј Томпсон, по точно 941 денови пауза, се враќа на паркетот во најсилната лига во светот.

Томпсон имаше кошмарен период во кој претрпе две тешки повреди и затоа толку долго го немаше на теренот. Последниот меч во НБА го одигра во јуни 2019 година, против Торонто во финалето на плејофот. Томпсон тогаш ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, па мораше да паузира цела следна сезона 2019/2020.

Кога се очекуваше да се врати на теренот, во подготвителниот период за следната сезона, играчот на Голден Стејт заработи уште една тешка повреда. Ја скина ахиловата тетива, па тоа значеше нова долга пауза и пропуштање на уште една цела сезона.

Томпсон кој има 31 година покажа дека е голем воин и вечерва треба да биде во дресот на Голден Стејт во дуелот на домашен терен против Кливленд.

- Оглас -

Најнови вести