Баерн Минхен на доминантен начин стигна до титулата во германското првенство, а во последното коло со убедливи 5:1 го победи Келн. По завршување на овој меч беше шампионското славје за Баерн, но и церемонијата на која од клубот се заблагодарија на тројца фудбалери кои си заминуваат од екипата.
На Леон Горецка, Рафаел Гереро и Николас Џексон им завршија договорите со Баерн. Посебно емотивно беше испраќањето на Горецка кој беше еден од клучните играчи во една од најуспешните генерации на баварскиот гигант, па навивачите на „Алијанц Арена“ со громогласен аплауз го испратија.
Горецка помина осум години во дресот на Баерн и стана еден од лидерите не само на теренот, туку и во соблекувалната што е дополнително значајно. Беше и омилен кај навивачите кои посегно го почитуваа поради неговата борбеност и верност кој клубот. Горецка одигра вкупно 311 мечеви за Баерн во кој постигна 51 гол, а имаше и 53 асистенции. Сега се шпекулира дека кариерата може да ја продолжи во тимот на Милан.
Португалецот Гереро кој истотака си заминува, беше исклучително корисен играч во ротацијата, а знаеше да игра на повеќе позиции. Вкупно одигра 94 натпревари во кои постигна 14 погодоци, а имаше и осум асистенции за Баерн каде играше од 2023 година. Се очекува Бенфика да биде негова следна дестинација.
Напаѓачот Николас Џексон беше на позајмица во Баерн Минхен, а сега се враќа во тимот на Челзи. Џексон најчесто влегуваше како замена за Хари Кејн, а во 34 натпревари постигна 11 голови, плус имаше и четири асистенции.

