1010 Манчестер сити – Арсенал (17:30)
Манчестер сити и Арсенал попладнево ќе го играат дерби-дуелот од англиската Премиер лигата, а од овие две екипи после мечот ќе биде и лидер на табелата. „Граѓаните“ со победа или реми ќе се искачат на врвот, а на Арсенал за прво место потребна му е само победа. Тоа значи дека и двете екипи нема што да бранат, навивачите очекуваат спектакл, а тоа значи и ефикасен фудбал со голови во двете мрежи.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.55)
1310 Виљареал – Барселона (18:30)
Барселона е во фантастична форма во шпанската Ла Лига и има пет победи во првите пет кола. Денес ги очекува гостување кај Виљареал и можност за нова победа, но и за голови во мрежата на противникот. „Каталонците“ на пет натпревари оваа сезона имаат постигнато вкупно 17 гола или по речиси 3.5 по меч, па од нив се очекува тоа да го покажат и на денешниот натпревар.
Предлог тип: Т2 1-3I & 1-3II (2.25)
3008 Рома – Удинезе (18:00)
Рома имаше лош почеток на сезоната во Серија А, но мечот со Удинезе е одлична можност за победа и фаќање приклучок со екипите во горниот дел од табелата. „Римската волчица“ е во серија од три победи по ред против Удинезе, а на „Олимпико“ има 10 победи по ред против денешниот противник. Удинезе последен пат непоразен, односно со победа се вратил од Рим во 2012-тата година.
Предлог тип: 1 & Т1 2+ (2.04)
1809 Ст. Паули – Лајпциг (19:30)
Натпреварите од германската Бундес лига секогаш се ефикасни, па така се очекува да биде и на мечот помеѓу Ст. Паули и Лајпциг. Голови во двете мрежи, но и во двете полувремиња се очекуваат на овој натпревар. Ст. Паули на последниот натпревар загуби од Аугсбург со 3-1, додека Лајпциг играше „гол-гол“ на три од последните четири меча.
Предлог тип: ГГ & 1+ I & 1+II (2.10)
1709 Лион – Марсеј (20:45)
Најголемо внимание во Франција привлекува дуелот помеѓу Лион и Марсеј. Гостите играат одлично оваа сезона, а ги краси и ефикасен фудбал. На четирите првенствени меча на Марсеј оваа сезона биле постигнати вкупно 16 гола или четири по натпревар. Само еден од последните осум натпревари на Марсеј во сите натпреварувања не завршил со 3+ голови, имало само два гола, а 3+ било на осум од последните 10 меча.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.00)