По Федерер, и Надал побегна од можен дуел со Ѓоковиќ во Мајами

Рафаел Надал објави дека го откажува учеството на Мастерсот во Мајами кој почнува в понеделник, 22 март. Шпанецот е втората тениска ѕвезда после Роџер Федерер која се повлече од Мајами, па турнирот останува само со Новак Ѓоковиќ, а во текот на неделава може да се случи и тој да откаже, па наместо сите тројца најуспешни во историјата на грен-слемите, да нема ниту еден.

Надал вели дека сака да се рехабилитира целосно и максимално да се подготви за сезоната на неговата омилена земјена подлога. Следен грен-слем е „Ролан Гарос“ во Париз, на кој Надал има неверојатни 13 титули, а ако освои уште една, ќе избие на прво место на вечната листа по број на грен-слем трофеи.

Ѓокович во Мајами има шест титули, но последната пред пет години.

- Оглас -

Најнови вести