По година и пол, дозволено е гостински навивачи во Англија и првата реакција беше како да се пуштени од кафез (Видео)

Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ пред повеќе од 70.000 гледачи го пречека Лидс, со што се стави крај на едно и полгодишната рестрикција да бидат празни трибините на стадионите во Англија. Поради пандемијата со Коронавирусот, во Англија навивачи немаше од март минатата година, за сега повторно да бидат полни трибините. Синоќа се одигра првиот меч во првенството, меѓу Брантфорд и Арсенал, но на стадионот на новиот лондонски премиерлигаш имаше едвај 15.000 гледачи и немаше инциденти.

Пред да почне дуелот на легендарниот „Олд Трафорд“, навивачите на Манчестер и Лидс направија голем инцидент. Во една од тепачките кои беа снимени се гледа навивачите на двата тима како фрлаат столици и други тврди предмети, а на крајот не може да се процени кој кого тепаше.

Фудбалот со навивачи на трибините се врати во Англија, а со тоа се вратија и тепачките по кои се познати на Островот.

 

- Оглас -

Најнови вести