По изјавата на Недвед, јасна е иднината на Роналдо

Кристијано Роналдо нема да менува клуб ова лето, а тоа го потврди и потпрестедателот на Јувентус, Павел Недвед. Шпекулациите кои почнаа по елиминацијата на Старата дама во Лигата на шампионите од Порто, ги поништи оперативецот на клубот и ѝ стави крај на сагата околу иднината на португалската мегаѕвезда.

„Во ниту еден момент Роналдо и неговиот агент не побараа трансфер. Кристијано моментално е на одмор, го чекаме да се врати на 25 јули и да ни се приклучи на подготовките во пресрет на новата сезона“, истакна Недвед за италијанските медиуми.

Иако Роналдо влезе во последната година од договорот, управата наводно подготвува понуда според која Португалецот би останал во Торино до јуни 2023 година, што е знак дека старо-новиот тренер Макс Алегри ќе смета на услугите на Роналдо и во иднина.

Неговата статистика откако го облече црно-белиот дрес е импресивна, Роналдо во изминатите три сезони постигна 101 гол во 133 настапи за Бјанконерите, притоа освои по два трофеи во Серија А, Купот на Италија и Суперкупот. Она што му недостасува и за што дојде во Италија е да му помогне на Јуве да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести