По Копа Америка, Атлетико добива аргентинско засилување

Атлетико Мадрид го осигура првото засилување за сезоната 2021/22, но ќе мора да почека до средината на јули, односно откако ќе заврши Копа Америка, за да го комплетира трансферот на Родриго Де Паул од Удинезе.

Соиграчот на Илија Несторовски кој воедно е капитен на Зебрите, ќе се пресели на „Ванда Метрополитано“ за сума од 35 милиони евра, а треба да потпише петгодишен договор со шпанскиот првак. Сите детали околу сумата се договорени со Удинезе, останува уште Де Паул да ги помине медицинските прегледи и да стави потпис на договорот откако ќе му завршат обврските со Аргентина на јужноамериканското натпреварување.

Удинезе ќе ја наполни касата бидејќи го купи 27-годишниот аргентински репрезентативец за само три милиони евра во 2016 година од Валенсија. Од тогаш, Де Пол запиша 184 настапи за Зебрите со учинок од 34 погодоци и 36 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести