По Миовски, уште еден Македонец може се пресели во Шкотска – Првакот Селтик му фрли око на Атанасов

Актуелниот шкотски првак Селтик, покажа интерес за македонскиот играч за врска, Јани Атанасов, којшто е член на хрватскиот Хајдук Сплит.

Имено, тренерот Анге Постечоглу има потреба од играч за врска со квалитети какви што поседува токму нашиот Јани, па побара од управата да се реализира овој ангажман. Се очекува преговорите околу трансферот да отпочнат во текот на наредната недела, за што ќе се знаат повеќе детали околу сумата на ангажманот.

Атанасов е член на Хајдук од септември 2020 година и веќе одигра 59 натпревари за овој тим со учинок од пет гола и две асистенции. Изминатиот викенд брилјираше во дербито против Динамо Загреб, го постигна единствениот гол за гостите во поразот од 4-1, што беше мајсторија на 22-годишниот Македонец.

Инаку, Атанасов би можел да биде вториот македонски фудбалер кој летово прави трансфер во Шкотска. Претходно репрезентативецот Бојан Миовски го засили Абердин и веќе се покажа како фантастично засилување.

- Оглас -

Најнови вести