По мирно прво полувреме, Севилја го „потопи“ Леванте

Севилја вторпат сезонава го растура Леванте во меч од Ла Лига. По убедливиот триумф од 2-6, сега Андалужаните на свој терен славеа со 5-0, иако во првото полувреме немаше погодоци.

Избраниците на Пабло Мачин потполно го надиграа тимот за кој настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој денес на теренот се задржа до 76-тата минута. Голедата започна во 48-та минута преку Бен Једер, а Андре Силва и Васкез до 71-та минута веќе го решија победникот на средбата.

Сепак, три гола не им беа доволни, па до крајот на средбата судијата досуди два пенали во корист на домаќините. Сарабија во 78-та минута беше прецизен од белата точка, додека во првата минута од судиското надополнување и Промес се запиша во листата на стрелци откако ја затресе мрежата иако прво го промаши вториот пенал за Севилја.

Со оваа победа Севилја се израмни ппо бројот на бодови со Реал Мадрид на 36, Леванте по 21 натпревар има 10 бода помалку и стои на 10-тото место.

https://www.dailymotion.com/video/x71bt8k

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести