По Њукасл, сега Саудиска Арабија е подготвена да купи еден поранешен европски првак

Саудиска Арабија преку својот ПИФ фонд ги шири пипците на европскиот континент По купувањето на англискиот Њукасл, се најавува завршување на купување на уште еден клуб и тоа клуб кој бил европски првак.

Според најавите, се работи за купување на Олимпик Марсеј, единствениот клуб од Франција кој бил европски првак. Во 1993 година Олимпик Марсеј стигна до европскиот трон, но сега е далеку од тие славни денови.

Најавите се дека се подготвуваат 400 милиони евра за купување на францускиот тим и веднаш да бидат вложени 200 милиони евра за нови засилувања.

„Зад сцената се завршуваат работите околу продажба на клубот. Ова е тема за која малку се зборува е се поблиску до реализација. Саудиска Арабија е заинтересирана да го купи Олимпик Марсеј и се работи за 400 милиони евра, како и 200 милиони евра за засилувања. Оваа продажба би можела да биде финиширана во јануари, а ако се прифати сумата од 400 милиони евра, реализацијата на продажбата може да биде и побрзо“, вели познатиот француски новинар Давид Бергер.

- Оглас -

Најнови вести