По осум години голгота, Вардар конечно има деблокирана сметка

Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар, конечно има „чиста“ сметка. По осум години дојде денот кога е деблокирана сметката на клубот.

Извршниот директор на Црвено-црните, Миленко Неделковски, реферираше дека се исплатени долговите кон неколку доверители, меѓу кои е и Дарко Панчев. На Панчев му биле исплатени 4.134.855.00 денари.

Меѓу оние кои добиле исплата на долговите се:
Владица Брдароски – 8.759.744.00 денари.
Бенџамин Демир – 6.100.000.00 денари.
Михајло Костиќ – 8.834.415.00 денари.
Александар Игески – 935.353.00 денари.
Фитнес Инфинити – 2.014.562.00 денари.
ЕАМ ДОО Штип – 263.006.00 денари.

Од Вардар информираат дека од 9 април 2025 година сметката и официјално е одблокирана, со што клубот по цели осум години повторно функционира по сите законски норми и прописи.

- Оглас -

Најнови вести