По освојувањето на Вимблдон, Ѓоковиќ со порака: Сигурно ќе дојдам во Македонија, Охрид морам да го видам (Видео)

По повеќе од пет часа неверојатен тенис, Новак Ѓоковиќ вчера го победи Роџер Федерер во финалето на Вимблдон и само потврди зошто е најдобар тенисер во светот во моментов. И покрај исцрпувачата битка на теренот, Ѓоковиќ по мечот имаше сила и трпение повеќе од 15 минути да одговара на новонарските прашања на прес-конференцијата.

Едно од прашањата кои му беа поставени беше за тоа дали ќе дојде во Македонија, како што најави кога пред неколку дена ја пееше „Македонско девојче“ додека се одмораше за време на Вимблдон.

„Многу поздрав за Македонија и за Скопје. Видов и ја прифаќам поканата. Не знам кога тоа ќе биде, но сигурно ќе дојдам, бидејќи Охрид морам да дојдам и да го видам“, изјави Ѓоковиќ.

Изјавата за Македонија може да ја слушнете по 15 минута на видеото од прес-конференцијата.

- Оглас -

Најнови вести