По пет порази, Вардар ремизираше со Подбрезова

Вардар резимираше со конечни 1-1 против словачката Подбрезова во петтиот подготвителен натпревар во Аланија. Црвено-црните по пет неуспешни контролки, успеаја да останат непоразени.

Откако во првиот дел се играше со претпазливост и без многу шанси, Вардарци во второто полувреме ја искористија иницијативата, па до погодок дојдоа во 68-мата минута. Стрелец на голот беше Дарко Мицевски, кој одлично ја прими топката по еден корнер на Вардар, па ја затресе мрежата на противничкиот голман со удар од дваесетина метри.

Сепак, фудбалерите на Подбрезова се изборија за израмнувачки гол пред почетокот на 80-тата минута, за конечен резултат на теренот во Белек.

Вардарци ги одработуваат последните денови од подготовките. За претстојниот викенд се предвидени уште два контролни меча, а во понеделник (четврти февруари) експедицијата се враќа во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести