По победата над Ѓоковиќ: Зверев заплака и му се извинуваше на Ноле

Акелсандер Зверев губеше со 1:0 во сетови од Новак Ѓоковиќ, но успеа да се врати и да направи неверојатен пресврт за победа од 2:1 во сетови и пласман во финалето на тенискиот турнир на ЛОИ во Токио. Со оваа победа на Зверев, заврши сонот на Ѓоковиќ да стане првиот кој ќе освои Златен гренд слем (триумф на сите четири Гренд слем турнири, плус злато на ЛОИ).

По победата, Зверев заплака од среќа, а потоа му се извини на Ѓоковиќ.

„Ти си еден од најдобрите на сите времиња. Жал ми е поради ова“, му рече Зверев на Ѓоковиќ.

Во финалето, Зверев ќе игра против Хачанов, додека Ѓоковиќ во борба за бронзата ќе игра против Пабло Карено Буста.

 

- Оглас -

Најнови вести