24.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

По победата над Осасуна, Куман сега верува и во чудо против ПСЖ

Барселона влезе во победнички ритам во шпанското првенство и веќе дојде на само два бода зад лидерот Атлетико Мадрид. Каталонскиот гигант синоќа со 2:0 победи на гости кај Осасуна, а следниот предизвик за Барселона ќе биде најголемиот до сега.

Тимот на Роналд Куман за три дена ќе гостува во Париз кај Пари Сен Жермен во реванш дуелот од Лигата на шампиони. Барселона има голема негатива од 1:4 по првиот меч на „Камп Ноу“ и само чудо може да ги спаси од елиминација.

„Треба да продолжиме да победуваме. Ова не беше нашиот најдобар меч, но заслужено победивме. Среќен сум затоа што сме на вистинската патека. Во последните 14-15 меча во првенството играме добро и се доближуваме до Атлетико Мадрид. Мислам дека трката за титулата ќе биде неизвесна до самиот крај“, рече Куман, кој не пропушти шанса да искоментира и за реваншот во ЛШ против ПСЖ.

„Не сакам да кажувам дека пресвртот е невозможен. Во Париз ќе одиме и до последен момент ќе се бориме за позитивен резултат за нас“, додаде Куман.

Мечот меѓу ПСЖ и Барселона ќе се игра в среда на „Паркот на принцовите“.

 

- Оглас -

Најнови вести