По победата во Германија, Конте упати моќна порака

Интер ја победи Борусија, и тоа во Менхенгладбах и на тој начин италијанскиот тим остана во борба за место кое води во нокаут-фазата од Лигата на шампионите. Нераѕурите немаа ниедна победа во првите четири кола, но денешниот триумф од 3:2 им дава надеж дека може да презимат во елитното друштво на УЕФА.

„Борусија беше во одлична форма како во ЛШ така и во мечевите од Бундеслигата, но ние апсолутно заслуживме да победиме. Ако не одиграте тимски, ако не сте тактички и психички подготвени, ако немате карактер, тогаш немаше да победиме тука. Ние покажавме дека имаме квалитет и дека Интер уште е „жив“ во Лигата на шампионите. Треба да продолжиме да работиме во ист правец и да продолжиме да ги радуваме нашите навивачи“, задоволно порача тренерот на Интер, Антонио Конте, по победата над Борусија Менхенгладбах.

Конте е посебно задоволен што неговите играчи во второто полувреме не го промениле темпото на игра, посебно затоа што Борусија израмни на 1:1 пред крајот на првиот дел. Во последното коло, Интер на свој терен го пречекува Шахтар и му треба победа, но и никако не смее мечот Реал Мадрид – Борусија Менхенгладбах да заврши нерешено.

 

- Оглас -

Најнови вести