По поразот од Ерменија, Просинечки поднесе оставка

По поразот од Ерменија со 4:2, Босна и Херцеговина речиси ги загуби шансите за пласман на Европското првенство 2020 година. Поради овој неуспех, селекторот Роберт Просинечки си поднесе оставка.

„Кога дојдов, мислев дека можеме да одиме на ЕП. Неуспеавме во тоа, па затоа давам оставка и му давам шанса на некој друг. Мојот наследник ќе има доста време да ја подготви селекцијата за мечевите во Лигата на Нации. Јас повеќе не сум селектор“, рече Просинечки, кој ја честиташе победата на Ерменија и призна дека бил подобар тим на денешниот дуел.

Во останатите денешни мечеви кои досега завршија: Грузија – Данска 0:0, Романија – Малта 1:0, Швајцарија – Гибралтар 4:0.

 

 

- Оглас -

Најнови вести