По поразот во финалето, Тијаго Силва ќе се теши со ангажман на „Стемфорд бриџ“

Тијаго Силва вчера го одигра последниот натпревар во кариерата за ПСЖ, штета што тоа беше пораз во финалето од Лигата на шампионите. Пo осум години и седум титули во француската Лига 1 и уште многу пехари во домашните купови, искусниот бразилски дефанзивец заминува од „Паркот на принцовите“, а негова следна дестинација треба да биде Челзи.

Англиските медиуми веќе го најавија Силва како трето засилување за Френк Лампард ова лето, по Хаким Зијех и Тимо Вернер. Силва од денес е слободен агент и се очекува да потпише едногодишен договор со Сините, со можност тој да се продолжи на уште една дополнителна сезона.

Неговото искуство сигурно ќе биде од голем значење за Лампард и неговата разнишана одбрана, која минатата сезона дозволи 58 гола во својата мрежа на 38 меча во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести