По рекордни 22 сезони во НБА-лигата, Картер најави пензија

Винс Картер, ветеранот на Атланта хокс, најави повлекување од кошарката по цели 22 сезони поминати во НБА-лигата. На рекордерот по одиграни сезони оваа му е најверојатно последна во кариерата, на 42 години веќе не може да го издржи темпото и да прави атракции како некогаш.

„Полека го прифаќам фактот дека се наближува крајот. Прво бев уплашен и се чувствував како дете на првиот училиштен ден кое не знае што го очекува. Кога го почувствува тоа, знаев дека е време да се повлечам по цели две децении. Знам дека не можам да правам некои работи како порано. Тешко е, особено кога ќе помислам на разговорите со Коби додека играв во Њу Џерси и на церемонијата кога му ги повлекоа дресовите. Нашиот договор беше по пензионирањето да поминуваме што е можно повеќе време заедно и како пензионери да разговараме за неважни работи“, истакна Картер.

Картер влезе во НБА-лигата на драфтот во 1998 година како петти избор на Торонто репторс, а во меѓувреме ги бранеше боите на Сакраменто, Мемфис, Далас, Феникс, Орландо и Њу Џерси, осумпати беше избран за Олстар-спектаклот, а на прашањето дали ќе започне тренерска кариера, тој посочи дека не планира таков чекор.

„Неколку пати досега нагласив дека не планирам да бидам тренер. Можеби еден ден ќе тренирам деца или индивидуално ќе им помогам на играчи да ја подобрат својата игра. Сакам да се релаксирам гледајќи кошарка и да коментирам со пријателите“, додаде Винс.

- Оглас -

Најнови вести