По шест месеци нов клуб за Шариќ – Хрватот се сели во Феникс санс

Дарио Шариќ повторно ќе менува клуб, а одлуката на Минесота тимбервулфс е да го разменат олраунд-кошаркарот во Феникс за шестиот пик на драфтот што го имаат популарните сонца.

Шариќ играше само шест месеци за Минесота, а таму пристигна во трампа од Филаделфија 76. Феникс ќе има одлично засилување, а со Шариќ го добија и 11-тиот избор на драфтот.

Дарио немаше добра полусезона кај Тимбервулфс, беше резерва со помала минутажа од таа што ја имаше во Филаделфија и сега ќе има нова шанса во третиот негов клуб во НБА-лигата.

Феникс се чини е добар избор за Дарио бидејќи Санс имаат млад тим кој се гради со квалитетни играчи на коишто им се предвидува блескава иднина предводени од Девин Букер, Денадре Ајтон, Џош Џексон и Кели Убре.

- Оглас -

Најнови вести