По Сити, сега и Лестер остана без својот најдобар фудбалер

Првиот стрелец на Лестер, Џејми Варди ќе мора да оди на операција на колкот, што значи дека Лисиците во следниот период ќе бидат без својот најдобар играч. Варди одлично ја започна сезоната и за брзо време постигна 11 погодоци. Подоцна малку падна во формата, а причина за тоа беше и повредата која не му дозволи да биде 100 отсто подготвен.

„Џејми Варди во следните неколку недели ќе биде надвор од теренот. Треба да оди на операција на колкот и препоните, но се надеваме дека за брзо време ќе биде повторно подготвен. За неколку недели го очекуваме повторно да заигра“, рече тренерот на Лестер, Брендон Роџерс.

Варди сезонава 15 од 18-те меча за Лестер и сигурно е еден од најзаслужните што Лисиците се на третото место на табелата со 38 бода, еден помалку од лидерот Манчестер јунајтед.

Денеска беше потврдено дека и Манчестер сити ќе следните четири до шест недели ќе биде без главниот играч Кевин де Брујне, што значи дека на лидерот Манчестер јунајтед му се отвора неочекувана можност, со добри игри да го искористи отсуството на двајцата најдобри фудбалери на екипите кои се веднаш зад Црвените ѓаволи на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести