По страотниот нокаут – Салазар има неколку тешки повреди, но е во стабилна состојба (Фото)

Виктор Салазар е во стабилна состојба, но се уште е под засилен надзор на лекарите по страотниот нокаут што го доживеа на терен на фудалскиот меч меѓу Олимпија и Фламенго.

Аргентинскиот дефанзивец беше удрен со рака директно во глава од Џорџијан Де Араскаета и иако ударот првично не изгледаше страшно, последиците за Салазар се неколку тешки повреди.

Играчот на Олимпија претрпе повреда на главата, има траума и загуби свест, па по десетминутната интервенција на лекарите на теренот во Асунсион беше пренесен во болница.

Реакцијата на играчите на двете екипи јасно покажуваше дека се работи за тешка повреда на 28-годишниот фудбалер, а дел од соиграчите со солзи во очите очајно ја следеа ситуацијата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести