По тензиите во каталонскиот клуб, Меси објасни кој е неговиот следен план

Лионел Меси нема намера да ја напушти Барселона, секако доколку челниците на клубот го сакаат него на „Камп ноу“. Аргентинецот ова го изјави и ги смири страстите откако во последниве 10-тина дена се шпекулира за тензии во редовите на шпанскиот првак. Дури беше откриено дека претседателот на клубот плаќал агенции да создадат лош имиџ за Аргентинецот, но и останати играчи на Барселона. Сепак, ваквите пишувања не го поколебале Меси да го смени мислењето за клубот во кој ја помина целата досегашна кариера.

„Не ми паѓа на памет да си заминам во Барселона. Ако клубот ме сака во своите редови, секако дека ќе останам. Сакам повторно да ја освојам Лигата на шампионите и да продолжам да освојувам други трофеи во првенството“, изјави Меси, кој додаде дека има разговори со претседателот Бартомеу и добил уверување дека нема вистина во пишувањата на медиумите.

„Бев изненаден од тие пишувања. Претседателот ни го рече истото што го кажа и во медиумите, дека тоа не е вистина. Најави истрага и дека ќе бидат разгледани сите докази. Вистина е дека се случуваат некои чудни работи во клубот, но додека не се види истрагата, не можам повеќе да коментирам“, рече Меси.

Аргентинецот проговори и за двете тешки елиминации од Лигата на шампионите против Рома и Ливепрул, кога на реваншите каталонскиот гигант делуваше како изгубен и правеше од готово-вересија.

„Уште не можам да си ги објаснам тие порази, посебно од Ливерпул. Тоа што се случи против Рома, се случува еднаш во кариерата. Ќе дојдат и ќе ве изненадат. Но тоа против Ливерпул ми е необјасниво. И сезонава борбата за ЛШ ќе биде многу тешка. Има многу силни екипи, а тоа го покажаа и поразите на Ливерпул кај Атлетико Мадрид и на ПСЖ во Дортмунд. Сепак, мое мислење е дека главни фаворити за титулата се Ливерпул, Јувентус, ПСЖ и Реал Мадрид“, заврши Меси.

- Оглас -

Најнови вести