По толку дадени голови, Мбапе не го очекуваше ова на „Паркот на принцовите“ (Видео)

Килијан Мбапе постигна еден гол и имаше една асистенција во победата на Пари Сен Жермен против Стразбург од 4:2, покажувајќи дека уште е еден од главните во играта на францускиот тим. Иако Мбапе донесе радост на навивачите, тие синоќа решија да го исвиркаат пред почетокотна средбата.

Кога беа соопштувани составите на двата тима, навивачите на „Паркот на принцовите“ со свирежи го испратија името на Мбапе. Според многумина, овие свирежи од навивачите се одговор на тоа што Мбапе не сака да го продолжи договорот со ПСЖ, што му истекува на крајот од сезоната сезона.

Шпекулациите велат дека Мбапе може да си замине од тимот на Светците уште ова лето, како клубот би добил пари од раскинот на договорот. Реал Мадрид е најверојатната следна дестинација на Мбапе.

За разлика од Мбапе, навивачите на „Паркот на принцовите“ со овации го прославија појавувањето на Лионел Меси. 

 

- Оглас -

Најнови вести