Победа за тенискиот број 1, и најголема парична добивка во историјата

Италијанецот Јаник Синер е победник на силниот турнир во Саудиска Арабија, и за триумфот во финалето над Карлос Алкараз, „светскиот рекет број 1“ ќе добие дури 6 милиони долари.

За споредба, на Вимблдон и САД опен, победникот добива по 3,6 милиони долари, додека на Австралија опен „само“ 2,2 милиони долари. На „Ролан Гарос“ на шампионот му припаѓаат 2,7 милиони долари.

Алкараз го доби првиот сет со 7-6 откако направи пресврт по негативата од 1-4. Потоа во вториот и третиот сет Синер беше подобар со по 6-3. За Синер ова е прва победа на Алкараз во 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести