Победата на Меси и Аргентина се славеше и во Барселона, Бангладеш, Индија (видео)

И на навивачите на Барселона им е јасно колку на Аргенина и Меси им значи титулата на Копа Америка, па се приклучија на прославата приредувајќи фешта низ улиците во каталонската метропола.

Ова е трофејот што Меси го чекаше цела своја кариера и веројатно става крај на дебатата околу најдобриот фудбалер на сите времиња. За Меси ова е прв сениорски репрезентативен пехар, со Аргентина памети и златен медал од ОИ во Атина 2004 година, но сега конечно може да се нарече дека е национален херој.

По овој успех во Барселона се подготвува нова прослава, односно потписот на Меси на нов договор со Каталонците.

Успехот на Меси и Аргентина се слави и во Бангладеш и Индија, каде што фудбалскиот виртуоз има голема фан-база, па тие се радуваат исто како нивната земја да се шампион.

- Оглас -

Најнови вести