Победи на ПСЖ и Лајпциг над нивните редовни муштерии

1701 Брест – ПСЖ (21.00 часот)

Ова е дуел на две непоразени екипи во француската лига. Брест во првите две кола одигра со идентичен резултат од 1-1, додека ПСЖ извојува две победи. Гостите повторно ќе бидат некомплетни, не се очекува деби на Меси, иако суперѕвездата тренира со полна пареа, но и без Меси, Светците имаат доволно добар тим за да победи. Брест е тим кој речиси редовно и дава и прима гол, а последен пат кога не се случи ГГ беше токму против ПСЖ во мај, кога парижаните победија со 2-0. Во последните десет години, сите меѓусебни дуели ги доби фаворитот.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.06)

 

1801 Лајпциг – Штутгарт (20.30 часот)

Швабите на спектакуларен начин ја стартуваа бундеслигашката сезона со победа од 5-1 над Гројтер Фирт, а Црвените бикови киксираа против Мајнц со 0-1. Овој меч е шанса за Лајпциг да се извади и да ги освои првите три бода во новата сезона, но Штутгарт е со зголемена самодоверба и нема лесно да се предаде. И традицијата е на страната на Лајпциг, тимот од источниот дел на Германија има низа од четири победи по ред во дуелите со Штутгарт. Штутгарт има дадено само еден гол на последните шест пресметки со Лајпциг.

Предлог тип: 1 & ГГ (2.85)

 

1301 Бетис – Кадис (21.00 часот)

Двата тима во првото коло одиграа 1-1 и освоија по еден бод. Мечевите на Кадис обично се неефикасни, па тие и овојпат ќе се обидат да го неутрализираат Бетис. И традицијата најавува слаба ефикасност. Последните три меѓусебни дуели на Бетис и Кадис завршувале со 0 до 1 гол, но секогаш имало победник и тоа бил Бетис, никогаш не било 0-0. Кадис никогаш не извојувал лигашка победа над Зелено-белите од Севилја.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.76)

 

1011 Бристол сити – Свонси (20.45 часот)

По првите три кола од англискиот Чемпионшип, Бристол имаше по една победа, пораз и реми, додека Лебедите од Велс уште не знаат за победа. На последните три меѓусебни дуели на овие екипи еднаш било нерешено, а по еднаш победиле едните и другите. Свонси цела деценија не победил во Бристол. Свонси е тим кој ретко игра нерешено на гостински терен, а Бристол ретко победува на свој терен.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (3.05)

 

3011 Фрозиноне – Парма (20.30 часот)

Со овој меч се отвора сезоната во италијанската Серија Б. Во центарот на вниманието ќе биде присуството на Буфон на голот на Парма. Двата тима се во лошо расположение откако пред неколку дена без поразени во купот на Италија. Фрозиноне и Парма не играле меѓу себе од 2019 година, од тогаш составите многу се сменети. Парма, која е нов тим во Серија Б, по испаѓањето од елитата, уште од март нема победа на официјален меч.

Предлог тип: 2-4 гола (1.52)

- Оглас -

Најнови вести